Kimicom тренинг центар

Нашето 10 годишното искуство и знаење Ви го пренесуваме Вам – преку нашите курсеви и обуки.
Стекнете знаење и вештини кој ќе Ви помогнат да ја пронајдете вашата страст и ќе допринесат високо да котирате на пазарот на трудот . Разгледајте ја нашата понуда на курсеви и резервирајте го Вашето место.


graphic design course
2020/03/27 16:00:00

Доколку графичкиоит дизајн е Вашата страст Вие сте на вистиското место. 6 месечна академија за графички дизајн посветена работа, упорност, практична работа со наши клиенти и реални проекти.
Се посветуваме на секој наш студент поединечно ја развиваме работната навика, стекнуваме знаења и вештини и Ве насочуваме и помагаме да најдете соодветно место на пазарат на трудот. Ќе ги совладаме заедно најважните дизајн концепти, софтвери и алатки кои ти се потребни за да се представи и реализира една идеа.
Заедно со нашите ментори ќе се изработат лого, постер, дизајн на книга, брошура, визит карта – Ваши дизајни кои ќе можете да ги вметнете во Вашето портфолио.

calendar

Почеток на курсот:

27 Март 2020г.

clock

Времетраење на курсот:

100 часа

sale

Цена:

36000 денари

php - mysql
2020/03/30 16:00:00

Едноставни, но моќни алатки за веб-програмирање PHP е едноставен и моќен програмски јазик за создавање на динамична веб-содржина. Милиони веб-страници изработени со програмскиот јазик PHP се доказ за неговата популарност и капацитет. Го користат програмери кои ја ценат неговата флексибилност и брзина, веб-дизајнери на кои им одговараат неговите можности и лесна употреба. Уште една предност на PHP e што е лесен за учење. PHP е најпопуларен јазик за веб-програмирање кој работи на Windows и Linux платформи. Погоден е за создавање на сите видови веб-апликации, од мали кои претставуваат само дел од една веб-страница до големи сложени веб-страници. Најчесто се користи како развојна платформа за интерактивни веб-страници. Покрај горенаведените можности, овозможува и работа со бази на податоци како MySQL, така што работењето во оваа база е вклучено во оваа програма.

calendar

Почеток на курсот:

30 Март 2020г.

clock

Времетраење на курсот:

70 часа

sale

Цена:

29990 денари

Kurs-Wordpress
2020/04/01 16:00:00

Доколку сакате да градите страни кои ќе бидат професионални и ќе изгледаат прекрасно, вие сте на вистинското место. Вашата желба остварете ја учејки од најдобрите. Ние како врвен тим правилно ќе ве насочиме и покажеме како да успеете во тоа. По завршувањето на овој курс ќе бидете способни да креирате веб сајтови за различни намени, персонални блогови, користејќи ја најкористената платформа во светот за креирање на веб страни – WordPress.

calendar

Почеток на курсот:

01 Април 2020г.

clock

Времетраење на курсот:

3 Месеци (50 часа)

sale

Цена:

18 000 Денари
9 000 Денари

IT-English course
2020/04/02 16:00:00

Изучувањето на англискиот јазик во областа на информатичката технологија (ИТ) е од големо значење за проширување на знаeњата од областа на стручната англиска терминологија со посебен осврт во усна или писмена комуникација. Целта на курсот/обуката е да продолжи надградувањето на постоечките знаења и јазични вештини (слушање, читање, пишување и зборување) на кандидатите преку обработување текстови со стручна терминологија и оспособување на кандидатите на англиски јазик да изнесуваат ставови, да дискутираат и сл. за теми кои се од нивната област на интерес преку интерактивни и креативни методи на работа. Со цел да се оспособат кандидатите успешно да комуницираат со посредство на англискиот јазик без разлика дали во писмен или говорен облик посебно внимание ќе биде посветено на развивање на нивната вештина слушање и разбирање на природен говор од родени говорители на јазикот.

calendar

Почеток на курсот:

02 Април 2020г.

clock

Времетраење на курсот:

3 Месеци

sale

Цена:

1500 денари/месечно

kurs-google ads
2020/04/30 15:00:00

Во овој курс, ќе научите се за рекламите на Google, како работат рекламите на Google, какви видови на реклами постојат, каде можат да бидат пласирани и зошто рекламирањето на Google е најдобар начин за раст на било кој бизнис а воедно и најефтин на целиот свет.

calendar

Почеток на курсот:

30 Април 2020г.

clock

Времетраење на курсот:

30 часа

sale

Цена:

21000 денари

Kurs - HTML, CSS, Bootstrap, Wordpress

HTML е одговорен за „носење“ на содржината на страницата и CSS ја уредува таа содржина. Споредувајќи ги јазиците споменати погоре со професиите за ИТ, HTML би добила улога на развивач, додека CSS најдобро го одразува интересот на дизајнерот. Значи, секој јазик има специфична цел, но за да креира веб-страница ви треба познавање на HTML и CSS. Bootstrap е веб-рамка која се фокусира на поедноставување на развојот на информативни веб-страници. Во вториот дел од овој курс ќе го прошириме знаењето со изучување на најкористената платформа во светот за креирање на веб страни – WordPress.

СЛОБОДНИТЕ МЕСТА СЕ ПОПОЛНЕТИ!

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

1. Зошто курсевите на Kimicom траат толку долго?

Времетраењето на курсевите ни е наметнато од самите посетители – односно потребата за повеќе пракса на нашите студенти за подобро сфаќање , совладување и усовршување на знаењето и вештините со кој се запознаваме. Принципот на работа на нашите курсеви е: теорија – пракса – домашна задача – работа на проект.
Наша цел е да Ве научиме да го користиме стекнатото знаење а не само да се запознаеме со теоријата на матерјалот. По завршувањето на било кој курс да имате самодоверба и вештина самостојно да работите и да се усовршувате.

2 Дали Kimicom бара работа за своите студенти?

Kimicom со својот центар за едукација го нуди своето знаење и искуство – не посредуваме при вработувања. Но гарантираме дека со стекнатото знаење – по успешно завршен курс, ќе бидете квалификувани за позитивно да поминете соодветно интевју за вработување во било која ИТ компанија, и ќе бидете квалификуван работен кадар.

3. Какви со можностите за вработување во Kimicom по завршувањето на курсот?

Ние со радост ги пречекуваме сите нови таленти во нашиот тим – Kimicom е компанија со секојдневен раст и развој и секојдневна потрага по млади таленти кои ќе ни помогнат и понатаму да бидеме меѓу најдобрите.

4. Постои ли можност за плаќање на рати?

Секако – Ви нудиме можност на плаќање на рати без камата, цената на коштање ја делиме на подеднакви месечни рати во зависност од времетраењето на курсот. Kimicom има и посебен третман за средношколците и студентите – нудиме специјален попуст за овие целни групи со цел олеснување на матерјалните трошоци и поттик за проширување на знаењето и љубовта на младите во Македонија кон оваа профитабилна професија.

5. Дали издавате сертификати по завршувањето на курсот?

По секој успешно завршен курс се добиваа соодветен сертификат од германското представништво на Kimicom – бидејќи нашите предавачи добиваат наставна програма , материјал и насоки од нив.

6. Зошто се решивте да ја проширите вашата дејност со едукативниот центар?

Откако го отворивме нашето представништво во Македонија осетивме недостаток на соодветен кадар на пазарот на трудот – потреба од едукација на младите како би станале конкурентни во сферата на маркетингот, веб дизајн и програмирањето. Со едукативниот центар си олеснуваме и себеси и на нашите студенти а се надеваме дека даваме и свој мал но за нас значаен придонес во намалување на невработеноста во Македонија

7. Дали е потребно предзнаење за посетување на вашите курсеви?

Во принцип НЕ – не е потребно предзнаење. Ние се трудиме во секоја група студентите да ги изедначиме во можностите и знаењата и доколку некаден се осети потреба за индивидуална работа со поединец тоа и го практикуваме.

8. Од која возраст е препорачливо да се започни со посета на курсевите?

За оваа прашање немаме точен одговор – тоа е во зависност од љубовта, талентот и поединечниот развој на секоја личност. Доколку сакате за Вас кои сте во поодминати години или пак мислите дека Вашето дете има афинитети кон оваа професија – сите сте добредојдени да работиме заедно на раст и доградба на талентот кој што сте го препознале. Никогаш не е ни прерано ни прекасно за нова кариера која ќе ја сакате!

9. Како ја составувате наставната програма и како ги избирате предавачите – дали се тие компетентни личности?

Нашата програма ја составува целиот тим – сите вработени имаат право да дискутираат и да додаваат теми или обратно. Зошто е тоа така и дали е тоа најдобар метод? Според нашето искуство ДА дефинитивно најдобриот метод на предавање е всушност постапно учење на сите чекори кој еден наш програмер / дизајнер ги поминува низ самата работа на реални проекти.
Комбинацијата на темите во самите курсеви се така поделени за да формираат една целина , целина на програми јазици алатки и сл…. со кој што можите самостојно да работите на една работна позиција.